Далма Кетеринг изминатиов период со доаѓањето на жена менаџер на челната оперативна позиција интензивно и посветено работи на креирање системски концепт на промени за повисока ефективност, вели Неда Темелковска менаџер од Човечки ресурси (HR) во Далма Кетеринг.
Најуспешните компании, забележуваат таа дека ја иницираат промената како појава која го подобрува развојот и организацискиот перформанс.
Кој беше вашиот мотив за да ја изберете оваа префесија?
Љубовта кон психологијата, луѓето и желбата за позитивни промени се главните причини за мојата „заљубеност“ во професијата со управување на човечките ресурси.
Дополнителен мотив, но и сериозен предизвик во определбата да ја работам оваа професија е фактот што денес човечките ресурси се срцето на секоја компанија.
Според Вас како најправилно е да се прослави 8-ми Март?
Не постои правилно прославување, без оглед на тоа која е причината. А, секоја причина е доволно добра кога е во прашање добро друштво и весело расположение. Конкретно за 8-ми Mарт, колку и да е критикуван и избегнуван или посакуван и празнуван, сепак секоја година добива одредено внимание и на ваков или таков начин се одбележува. Мојот став е дека после долгиот и тежок период на социјална изолација и изгубени социјални вредности, секој треба да го третира овој ден онака како сака и колку може. Ние во Далма конкретно имаме многу по значајни причини за меѓусебни колективни дружби.
Какво е чувството да се биде дел од компанија каде има жена менаџер и поголемот дел од вработените се жени?
Денес, најуспешните компании ја иницираат промената како појава која го подобрува развојот и организацискиот перформанс. Оттука способноста за управување со промените е и една од круцијалните компетенции на успешните менаџери и компании. Далма изминатиов период со доаѓањето на жена менаџер на челната оперативна позиција интензивно и посветено работи на креирање системски концепт на промени за повисока ефективност, одржување на конкурентската предност, оптимизирање на организациските стратегии, мисии, структури и култури. Јас за себе можам да кажам дека сум и почестена и горда што сум дел од имплементирањето и справувањето со промените.