15 ГОДИНИ ВРВЕН КВАЛИТЕТ

Групацијата „Далма“ е реномирана компанија која веќе 15 години нуди широк спектар на угостителски услуги, фин и индустриски кетеринг, целосна организација и водење настани. Во текот на овој период никогаш не престанавме да растеме и да се развиваме, бидејќи нашата главна цел отсекогаш ни била вам, како наши клиенти, да ви понудиме најквалитетна услуга. Вашите среќни семејни и деловни настани, од кои секогаш бевме дел, ги чуваме како вредни спомени кои ни даваат сила да одиме напред.

БЕСПРЕКОРНА ГРИЖА И ВНИМАНИЕ

Групацијата „Далма“ е тим на познати, искусни, но и на надежни млади готвачи и професионалци во угостителската индуистрија, со што „Далма“ е единствената „едношалтерска“ компанија на македонскиот пазар. Нашиот посветен тим има две главни одлики – страст и ентузијазам секогаш да понуди беспрекорна услуга и во ситуации што се голем предизвик. Исклучителната храна, приготвена со вкусни состојки и беспрекорно сервирана од страна на нашите вработени, од секој ваш настан ќе направи спомен на кој со гордост ќе се сеќавате.

ПРЕМИУМ СОСТОЈКИ

Групацијата „Далма“ секогаш користи органски состојки со врвен квалитет, од најдобрите локални избори и произведувачи, кои гарантираат квалитет на нивните производи и со кои „Далма“ изгради долгорочна соработка и доверба. Секој оброк се подготвува од „нула“ и ги содржи најважните состојки: нашата љубов и посветеност секогаш да го послужиме најдоброто. Се грижиме за секој детаљ, а нашата листа на клиенти е доказ за нашиот професионализам.

Group 344

НОВОСТИ

Прочитајте повеќе за
новостите во кетерингот!

НАШИТЕ КЛИЕНТИ

Групацијата „Далма“ е особено горда со својот долг список на клиенти, кој вклучува врвни корпорации и компании од С.Македонија, бројни национални и меѓународни организации, институции, дипломатски претставништва… Своите услуги ги обезбедивме за повеќе од 10 илјади корпоративни настани.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ!


    • Ул.Веле Марков бр.6, 1000 Скопје П.фах 68.
    • Тел/Факс: +389 (2) 6 136 700
    • contact@dalma.com.mk

    ИНДУСТРИСКИ КЕТЕРИНГ

    • +389 78 33 76 51

    ФИН КЕТЕРИНГ

    • +389 78 30 52 34

    ИЗНАЈМУВАЊЕ НА ОПРЕМА

    • +389 71 21 96 30

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА