ИНДУСТРИСКИ КЕТЕРИНГ
Во текот на 2018 година групација „Далма“ успешно ja лансираше новата гранка – индустрискиот кетеринг. Сместен во модерна индустриска кујна од 550 м2, сертифицирана со HACCAP и ISO 22000:2018 ,со капацитет на производство од 7.500 готвени оброци дневно, индустрискиот сервис на „Далма“ претставува еден од најголемите од овој вид на пазарот.
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
Индустрискиот кетеринг на „Далма“ поседува и користи технологија на „студен синџир“, единствен од таков вид во Македонија. Имено, оваа технологија овозможува моментално ладење на храната преку Chill-blaster-и и за 100% ја елиминира можноста за развивање аеробни бактерии во храната.


ТРАНСПОРТ
Храната се транспортира дo крајниот корисник во „студен синџир“, пренесена во специјализирани термичко стабилни кутии за храна во HACCАP сертифицирано возило со термокинг изолација, коешто ја одржува храната на посакуваната температура.
ТОПОЛ ОБРОК
На местото на сервирање, храната се загрева во конвекциски печки за краток временски период. На тој начин безбедноста на храната е зачувана, а свежината и квалитетот на храната е на највисоко ниво.
