„БИДЕТЕ ГОСТИН НА СОПСТВЕНАТА ЗАБАВА“
Препознатливи по единствениот стил, разновидните менија, извонредниот квалитет, како и големата понуда на опрема и услуги за организација на настани.
ОД ВИЗИЈА ДО ПОСЛУЖУВАЊЕ
Изворедно вкусна храна, секогаш подготвена од најсвежи производи, приготвена од врвни мајстори, сервирана според последните кулинарски трендови е само дел од нашата богата понуда во која досега се увериле илјадници наши клиенти и нивните гости. Групацијата „Далма“ е основана во 2005 година како дел од Ресторанот „Далма“ и набргу стана еден од водечките компании во својот сектор.
ПРЕМИУМ СОСТОЈКИ
Храната е подготвена по највисоки стандарди на здрава и органска храна приготвена непосредно пред послужувањето. За подготвување на истата се користат производи од познати и сертифицирани производители кои гарантираат врвен квалитет.
ДО НАЈМАЛИОТ ДЕТАЉ
Секој детаљ, од подготовката на храната, визијата, па сѐ до послужувањето, за нас е исклучително важен. Нашата услуга е резултат на залагањето на врвните готвачи, организатори, келнери и друг персонал. Богатото мени се приготвува до совршенство за да ги задоволи сите Ваши желби, замисли, фантазии, и од Вашиот настан да направи прекрасни спомени.
СО ГОЛЕМИ КАПАЦИТЕТИ
Сместена во објект кој се протега на 1100 м2, со две кујни сертифицирани со ISO 22000:2018 и HACCP стандардот и како и нов модерен административен центар, групацијата „Далма“ претстваува една од најголемите кетеринг компании на домашниот пазар.
КРЕИРАЈ СВОЕ МЕНИ!
Создадете мени според Вашите желби и можности
НОВОСТИ