
ИНДУСТРИСКИ КЕТЕРИНГ БЕЗ ПОСЛУГА (ЕДИНЕЧНИ ПОРЦИИ)
Храната од однапред утвредните менија се подготвува во индустриската кујна на „Далма“ и е спакувана во единечни пакувања, а потоа, преку т.н. студен синџир, се доставува до кантината на клиентот.
Спакуваната храна се сместува во претходно поставени разладни уреди и се чува до времето на послужување. Пред конзумирање на оброкот, храната се загрева во микробранови печки.
Ваквиот начин на послужување на храната овозможува флексибилност во времето на конзумирање на храната и е погоден за клиенти со помал број вработени.